За нас
Еколошки контролирани производи изработени спрема најсовремените ISO стандарди. Фирмата БОВИ - МАРК ЛОГ Д.О.О.Е.Л увоз - извоз Скопје, со седиште на ул.Владимир Комаров бр.33/ 1-11а е регистрирана 2009 година и е Генерален застапник на брендот TARCO кој се произведува во Tarmann Chemie GesmbH со седиште во Р. Австрија и Švenda-Tarmann Chemie d.o.o. со седиште во Р. Хрватска.Фирмата БОВИ - МАРК ЛОГ Д.О.О.Е.Л воедно започна со производство на еколошки производи за чистење во домаќинството и за индустријата за која е особено специјализирана. Компанијата нуди широк спектар на високо концентрирани и еколошки контролирани хемиски производи, како и алатки и машини за иста намена и употреба, како и комплетна хемиска консултации со цел ефикасна и соодветна примена на хемиските препарати. Сите компоненти од кои ги содржат хемиските препарати ги задоволуваат високите стандарди на ЕУ и се во согласност со македонските закони за заштита на животната средина и човековото здравје.
Средствата ги поседуваат следните сертификати: ISO 9001:2008; ISO 11014-1:1996; Водоправни дозволи од Р. Хрватска и HACCP стандард, Сертификат за квалитет и Сертификат за анализа од ЈЗО на Р. Македонија.
Во делот на еколошките стандарди поседуваме најнови апсорбенти за нафта и нафтени деривати, еко филтери и средства за санација на еколошки загадувања од опасни отпади.
Во програмата нудиме ЕКО СЕТОВИ кои се задолжителни во сите производстевени капацитете, а се најпотребни во нафтената индустрија.
Тоа се однесува на стандардот ISO 14001 како контрролиран интегриран систем на заштита на животната средина.
Компанијата со своите вработени и соработници им стои на услуга на сите ценети клиенти и фирми за беспрекорна соработка.
Контакт
БОВИ - МАРК ЛОГ Д.О.О.Е.Л увоз - извоз Скопје
E-mail:
Телефон:
kontakt@bovi-mark.com.mk
02 / 2469 - 019>
076 / 467 - 202>
076 / 467 - 203>
